Се појави исчезнатиот руски доктор што го лекуваше Навални, по три дена, сам излегол од шумата

Рускиот доктор кој  го лекуваше отруениот опозиционер Алексеј Навални и за кој медиумите објавија дека исчезнал додека бил на  лов, се појавил вчера. Веста ја преснесе државната новинска агенција РИА, а се повикуваат на регионалните власти.

 Голема потрага беше покрената во шумите во регионот Омск, 2.200 километри источно од Москва, откако Александер Мураховски ја напуштил ловна база . Тој заминал со своето теренско возило во петокот, и сега велт дека дека сам излегол од шумата, при што стапил во контакт со жителите на селото Басли, објави РИА.
„Неговата состојба изгледаше нормално, но од претпазливост беше задржан во болница“, кажаа властите.

Мураховски раководеше со болницата во Омск во која Навални беше донесен откако му се слоши во авион лани во август. Тој тогаш кажа дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот. Навални го обвини дека ја фалсификувал дијагнозата. Во ноември, Мураховски беше унапреден во регионален министер за здравство.

(Фото:  Ројтерс)

Scroll to Top