Пандев размислува да го повлече својот клуб од Првата лига

Најдобриот фудбалер и капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев, планира да го повлече својот клуб „Академија Пандев“, од Првата лига, ако Фудбалската Федерација на Македонија, ФФМ, не го усогласи стаутот со Законот за спорт.

„Со нашиот газда, кој е идол на сите во Македонија, веќе сериозно размислуваме со Академија Пандев да се повлечеме од актуелното играње во Првата лига, сѐ додека не се усогласи Статутот на ФФМ со Законот за Спорт. Последното Собрание на ФФМ (кога беше реизбран Муамед Сејдини – н.з.) е нелегитимно закажано и нелегитимно одржано, зашто поголем дел од клубовите не го поддржаа. Ние како клуб сакаме да се почитува нашиот глас, нашето право, а ако може ние како клуб да ги почитуваме сите закони во Македонија, тогаш мора и ФФМ да ги почитува сите законски акти, вклучувајќи го и Законот за спорт. Во моментов во актуелното раководство на ФФМ, само еден член од Управниот одбор има некаква релација со клуб и тоа е Добре Иванов со Силекс“, изјавил Југослав Тренчовски, кој е соработник на Пандев.

Scroll to Top