ФФМ ги претстави новите дресови, навивачите бараат да се вратат старите

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги претстави трите гарнитуруи на новите дресови со кои фудбалерите на Македонија ќе настапат на престојното Европското првенство.

Германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој традиционално ги облекува македонските фудбалери, изработи три дресови, кои се во бордо, бело-жолта и црно-портокалова комбинација. На предната страна на дресовите, е исцртан лик на балканскиот рис.

Навивачте се незадоволни од новите дресови. Тие бараат да се врати старата старата гарнитура на за кои велат дека беа едни од најубавите во светот. Тие потпишаа петиција. Велат дека новите дресови биле копи пест од гугл и бараат знамето и боите на државата да се во прв план.

„Срамно е со вакви дресови да одиме на европско првенство,веднаш да се сменат и да се врати националниот симбол на дресот да се знае кого ќе претставуваат нашите фудбалери. Овој дрес е најголемата и најсрамната грешка во историјата на македонскиот фудбал и меѓународните натпреварувања на македонската репрезентацијата. Дизајнот и идејата со рисот кој треба појќе да се гледа се супер, ама изборот на палетата на бои тотален промаш, особено црвената. Сменете ги под итно. Црвената боја мора да е посветла иста како што е знамето. Оваа црвена може да биде на дресот од Летонија или Турција нивните знамиња се таква црвена нашето знаме е посветло црвено. Имаку дресот со знамето-сонцето со кој настапуваа досега треба и на ЕП. Оставка за оние што го одобрија, Македонскиот дрес мора да е црвено жолто . Напред Македонија. Епски дебакл од избор на бои и дизајн. Ко федерација појма немате што правите“, биле само дел од коментарите на навивачите.

За потсетување, Македонија на ЕУРО 2020 ќе игра во Ц-групата со Австрија, Украина и Холандија. Првиот натпревар на Европското првенство Македонија го игра на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.

 

Scroll to Top