Поранешниот американски пилот Мајкл Хак признал дека за време на летот минатата година во еден момент се соблекол гол во пилотската кабина пред колешката и дека гледал порнографија на неговиот лаптоп.
Судијата во државата Мериленд го осудил на условна казна од година дена и наредил да плати казна од 5.000 долари. Инцидентот се случил за време на летот на „Саутвест ерлајнс“ од Филаделфија кон Орландо, на 10 август 2020 година.
Кога авионот ја достигнал одредената вистина, Хак станал од своето пилотско седиште, ја соблекол облеката и гледал порнографија на лаптоп.
„Тој продолжил да се однесува непристојно во кабината, додека неговата колешка продолжила да ги извршува своите должности“, изјавил обвинителот. До тој момент, двајцата не се познавале, пренесуваат медиумите.
Хак изјавил дека е виновен и се извинил за неговото однесување, додавајќи дека целата работа почнала како шега.