Поранешниот директор на ЦИА и државен секретар на САД, Мајк Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Поранешниот директор на ЦИА и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, тврди дека има голем број докази дека коронавирусот излегол од кинеската лабораторија во градот Вухан. Помпео изјавил дека во Институтот за вирусологија во Вухан сѐ уште се изведуваат воени експерименти.

Помпео кој важи за поранешен близок соработник на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, предупреди дека поради ваквите експерименти кои се изведуваат во лабораториите во Вухан, на светот му се заканува уште поголема опасност од смртоносни вируси.

Тој се огласи само неколку дена откако сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, им нареди на известувачките служби, во наредните деведесет дена, да го откријат потеклото на коронавирусот.

Откако стигна наредбата од претседателот, во истрагата се вклучија 17 лаборатории од цела Америка, кои детално ќе го испитаат ковид 19. Лабораториите поседуваат компјутери кои можат да обработат голем број на податоци за краток временски период.

Вообичаено е овие агенции да собираат голем број податоци отколку што нивните аналитичари можат ефикасно да ги обработат. Се очекува со напредните алгоритми, да се пронајдат одредени обрасци од морето информации, па да се направи пробој и да се дојде до некаков заклучок.

По наредбата на Бајден, истрагата мора да биде завршена во рок од 90 дена.

Со сигурност можам да кажам дека ние знаеме дека луѓе од лабораторијата соработувале со Народно-ослободителната војска. Така што таму имало и воени активности иако тие тврдеа дека станува збор за строго цивилно истражување“, рече Помпео за „Фокс њуз“.

„Одбија да ни кажат на што работеа, одбија да објаснат на што работеа и не дозволија пристап ни за луѓето од Светската здравствена организација. Самата операција на затскривање на информации, покажува дека таму се случувале работи за кои ние не знаеме. Таа лабораторија за испитување на вирусот е сѐ уште работи. Веројатно изведуваат испитувања кои довеле до тоа да вирусот излегол од лабораторијата. Само кинеската Комунистичка партија го знае одговорот, но целиот свет го заслужува да го слушне и тие мораат да кажат што навистина се случило таму“, вели Помпео кој е задоволен од наредбата на Бајден да се заврши истрагата за потеклото на вирусот.

„Драго ми е што дојде до тоа. Се надевам дека истрагата ќе биде сериозно спроведена. Известувачката заедница многу подолго од 90 дена ја следи ситуацијата“, вели Помпео.

Нов сој – Мутант на индискиот и британски сој

Во Виетнам е откриен нов сој на коронавирус, комбинација од индискиот и британскиот и може брзо да се рашири низ воздухот, велат научниците. Виетнамскиот министер за здравство, Нгуијен Тна Лонг, ја објаснил оваа мутација како многу опасна, пренесува „Би-би-си“.

Тој додал дека новата мутација е брзо пренослива, посебно преку воздухот. Вирусите непрекинато мутираат и повеќето соеви не се значајни, но, некои мутации на вируси можат да бидат многу заразни. Откако коронавирусот првпат беше идентификуван во јануари 2020 година, откриени се илјаници мутации, пишува „Би-би-си“. Досега коронавирусот усмртил 3,5 милиони луѓе.

Повеќе од 170.000 милиони се заболени од истиот. Од почетокот на пандемијата минатата година, Помпео ја застапува теоријата за тоа дека вирусот излегол од лабораторијата во Вухан.

„Уште од пролетта 2020 година, постојат докази дека вирусот излегол од лабораторија. Знаеме дека вирусот прво таму се појавил и дека се разбоелел голем број научници. Тмау се направени истражувања за тоа како вирусите да бидат поазарзливи и посмртоносни. Мораме да дознаеме што се случило за да го спречиме ова да се повтори во иднина“, изјавил Помпео.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top