Капитенот на македонската репрезентација во одбојка, Никола Ѓорѓиев, вторпат стана татко. Неговата сопруга Дани роди ќерка, која ќе се вика Викторија. Веста за раѓањето на бебето Никола ја сподели на социјалните мрежи.
„Втора ќерка – Викторија. Фала ти Боже“, напиша одбојкарот на „Фејсбук“ и доби честитки од пријателите.
Никола и Дани, кои се во брак од 2015 година, ја имаат ќерката Марија.
За потсетување, Никола, кој последните три години игра во Осака Блејзерс Сакаи во Јапонија, наскоро со репрезентацијата на Македонија ќе настапи на Европското првенство во одбојка.