Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски вчера ја објави својата најнова песна со наслов „Љубовна рапсодија“. По објавата на спотот, многумина велат е филмски со многу љубов, елегантни дами и убава музика. Спотот потестува на некое друго време.
Музиката и аранжманот се на Сашо Николовски, текстот и придружен вокал на Сара Пројковска, режија и видеопродукција на Александар Ристовски – Принц, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“.
Павле лани во декември ја промовира својата прва песна „Такт по такт“, а неколку дена подоцна одржа и концерт.