Македонија го победи Казахстан во последниот натпревар пред настапот на Европското првенство

Македонија го победи Казахстан со 4:0 во Скопје во последниот контролен натпревар пред настапот на репрезентацијата на Европското првенство.

Фудбалерите на Македонија поведоа 1:0 во 33. минута со голот на Алиоски од пенал и со овој резултат отидоа на полувремето. Во второто полувреме дадоа уште три гола, првин Тричковски за 2:0, а потоа и Милан Ристовски и Дарко Чурлинов, на кои ова им беа први голови за репрезентацијата.

На 8 јуни македонските фудбалери ќе заминат во Романија, каде што на 13 јуни го играат првиот натпревар против Австрија, со Украина на 17 јуни и со Холандија на 21 јуни.

Фото: ФФМ

Scroll to Top