(Фото) Ранко Бубамара и Пере Нокаут секој со најмалото од трите деца

Ранко Петровиќ, првиот човек на Радио Бубамара, и Никола Перевски – Пере од „Нокаут“ го искористија убавото време и излегоа во прошетка со своите ќерки Јана и Софија во Градскиот парк. И двајцата се татковци на три деца, па ова се најмалите со кои излегоа на прошетка.

Пере и  Јована  лани станаа родители на малата Софија, која сега има шест месеци, додека ќерката на Ранко и Маја Петровиќ има една и пол година.

Пере го сподели овој момент преку социјалните мрежи.

„Во Градски парк Скопје со Ранко Петровиќ- Бубамара,Јана и Софија…“, напиша тој под фотографијата.

Фото:Маја Јаневска-Илиева (Нова Македонија)

Scroll to Top