Француската инфлуенсерка Оушн Ел Химер објави фотка како лета во авион во бизнис-класа, но набрзо ја открија дека глумела за на Инстаграм.
„Следната станица – Монако. Летам цела ноќ“, напиша таа.
Брзо потоа на интернет се појави слика од друг патник од истиот лет на која се гледа дека Оушн седи во економска класа опкружени со бројни патници.
Тие ја препознале по облеката во која позира на нејзината слика, бела маичка со долги ракави и виолетовата тренерка, пишува „Њујорк пост“.
„Често велам дека социјалните медиуми се болест. Луѓето лажат за да привлечат внимание, а други сакаат да направат кариера од тоа“. „Тоа е ментална болест“, „Ова совршено ја опишува денешната култура. Многу луѓе се преправаат дека се богати, модели или претприемачи“, се дел од коментарите.