Норвешкиот фудбалски експерт Тор-Кристијан Карлсен направи листа од десет фудбалери помлади од 23 години кои смета дека имаат потенцијал да бидат одлични на Европското првенство, а меѓу нив е и Елиф Елмас.
Според Карлсен, Елиф иако има 21 година, веќе има 27 настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Вели, тој е вешт во шеснаесетникот и одличен финишер кога ќе се најде на крајот од нафрлањата. Токму тој го постигна победничкиот гол за победа од 2:1 против Германија во март.
Елмас ја почна клупската кариера во „Работнички“ во 2015 година, на возраст од 16 години. Во 2017 година потпиша петгодишен договор со турскиот „Фенербахче“, но по две години замина во „Наполи“, каде што ќе игра следните пет сезони.
На листата на топ 10 најдобри млади играчи помлади од 23 години на ова Европско првенство според Карлсен се најдоа:
1. Алесандро Бастони, 22 години, Италија
2. Нуно Мендес, 18 години, Португалија
3. Џереми Доку, 19 години, Белгија
4. Ерик Гарсија, 20 години, Шпанија
5. Маркус Турам, 23 години, Франција
6. Адам Хложек, 18 години, Чешка
7. Тен Копмеинерс, 23 години, Холандија
8. Елиф Елмас, 21 година, Македонија
9. Дониел Мален, 22 години, Холандија
10. Илија Забрани, 18 години, Украина