УЕФА го казни австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со еден натпревар суспензија оти го навреди Езѓан Алиоски на натпреварот со Македонија. УЕФА утврди дека Арнаутовиќ е виновен за навреда на друг играч, но не утврди дека имало дискриминација.
Фудбалерот со српско потекло при прославата на третиот гол за Австрија ги навредуваше македонските репрезентативци Алиоски и Бејтулаи, па капитенот Давид Алба мораше да го смирува.
По натпреварот, на кој Австрија ја победи Македониај со 3:1, Арнаутовиќ се извини и рече дека не е расист.
Австрија денес игра натпревар од второто коло против Холандија, а Македонија од 15 часот игра против Украина.