Поп-пејачката и основач на здружението „Проект Среќа“, Кристина Арнаудова, се пофали дека конечно има тетоважа. Таа истетовира голем феникс на ногата, во разни бои и откри дека сликата специјално за неа ја осмислил нејзиниот тату-артист. Кристина вели дека долго сакала да истетовира феникс, а сега добила визија на кој дел од телото сака да ја направи тетоважата. Вели и дека е среќна што сликата е голема и ѝ ја покрива пола нога.
„Ова не е слика земена од нет, туку е авторско дело на генијалниот Стевац Стер. Решив тетоважата да ми ја направи вистински уметник. И не, не болеше. Жена може да издржи сешто, тетовирањето е мало дете во споредба со сè друго“, напиша таа.