Пејачката Јованка Житарова деновиве е во Охрид заедно со своите деца Зои и Картер.
Таа сподели летна фотосесија на која изгледа како да е снимена на некое светско монденско место.
„Јас го сакам Охрид, секоја прилика ја користам да заминам. За мене Охрид е незаменлив, прееубав е, монденски е. Мене Охридско езеро секогаш ми е иснпирација за нова фотосесија, како што е оваа“, вели таа.
„Охрид посебно го обожувам кога сум заедно со Зои и Картер, кај мене се е подредено на нивните желби. Доволно беше да кажат дека сакаат водени лудории и еве веќе сме во Охрид“, додава таа.