Познатиот готвач Никола Мишковски, кој на македонската јавност ѝ е познат како шеф Никола во кулинарската емисија „Брза кујна“, по втор пат стана татко. Тој кажа дека со неговата сопруга Стефанија добиле девојче.
„На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи толку среќен и исполнет животот. Ве сакам“, напиша Никола на Фејсбук.
Никола и Стефанија веќе имаат една ќерка, а Никола има едно дете и од претходниот брак.