Македонски тенисер се пласира во второто коло на Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во второто коло на јуниорскиот Вимблдон. Тој направи големо изненадување и успеа да го победи десеттиот носител на турнирот, Американецот Дејли Бланш, со 7-5 и 7-6 во сетови.

Во второто коло Ивановски ќе се сретне со Литванецот Едас Бутвилас, кој исто така не е носител на турнирот. Натпреварот ќе се игра в среда.

Scroll to Top