Англија првпат ќе игра во финалето на Европско првенство

Репрезентацијата на Англија првпат ќе игра во финалето на едно Европско првенство, откако ја победи Данска во второто полуфинале на ЕУРО2020. Англиските фудбалери победија со резултат 2:1 по продолженијата.

Данците поведоа со голот од слободен удар на Микел Дамсгард во 30. минута, а англиските фудбалери израмнија во 39. минута со автоголот на Кјаер.

Во второто полувреме немаше голови, па се играа продолженија. Конечниот резултат англиските фудбалери го постигнаа во 104. минута од пенал. Голамнот Шмајхел го одбрани ударот на Хари Кејн, но топката се одби од него, па Кејн постигна гол.

Во финалето, што ќе се одржи на 11 јули, Англија ќе игра против Италија.

Scroll to Top