Фудбалската репрезентација на Италија го донесе пехарот во Рим откако ја победија Англија и го освоија Европското првенство. Фудбалерите слетаа на аеродромот во Рим, каде што ги дочекаа илјадници фанови.
🇮🇹The Italian football team arrived in Rome on Monday after winning #EURO2020 against England
🏆#Azzuri were greeted by elated fans who had gathered at their hotel to welcome them home#Euro2020Final #ITA #ItaliaInghilterra @infoAzzurri @ItaFootPod @indo_azzurri @SerieA_Lawas pic.twitter.com/Vrja8m2kOs
— CGTN Sports Scene (@CGTNSportsScene) July 12, 2021
Пехарот го носеа тренерот Роберто Манчини и капитенот Џорџо Кјелини. Веднаш по слетувањето, фудбалерите ги прими и претседателот на Италија, Серџо Матарела.
За потсетување, во финалето на Европското првенство, Италија беше подобра од Англија по изведувањето на пенали 3:2, откако претходно резултатот во регуларните 90, а потоа и во продолженијата беше 1:1.