(Фото) Бети и Стево вљубени пред почетокот на Охридско лето

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска беа на свеченото отварање на  Охридско лето. И овој пат првата дама не потфрли со изгледот и елегантната комбинација, па така смарагднозелениот фустан со црни високи сандали беше вистински избор за вчерашната ноќ. На  Античкиот театар вчера се претставија 90 уметници на отворањето со делата на Чајковски.

Претседателот Пендаровски  избра костим во темна боја и сива вратоврска. Интересна фотографија објави сопругата на претседателот пред почетокот на Охридско лето за која коментираа дека изгледаат вљубено. Тие  се долги години во брак, се запознале во времето кога Елизабета била студент на Стоматолошкиот факултет. Двојката го има синот Огнен.

 

 

 

Scroll to Top