Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кој беше избран за најдобар на Европското, и официјално се збогува со неговиот клуб Милан. Тој објави емотивно видео на Инстаграм на кое рече дека никогаш нема да ги заборави годините поминати во Милано..
„Некогаш треба да донесете тешки одлуки, но тие се дел од растењето. Дојдов во Милано уште кога бев дете. Поминав осум години тука, се боревме, страдавме, победувавме, плачевме, славевме со соиграчи и тренерите и секој кој во тој период бил дел од клубот. Заедно со навивачите кои се неизоставен дел од тие осум години“, рече Донарума.
„Неверојатни осум години кои нема да ги заборавам никогаш. Време е да се збогуваме. Далеку од тоа дека ова беше лесна одлука и тешко може да се објасни со зборови. Она што ќе го кажам само е дека дојде вистинското време за промена, за нови предизвици за да растеме и станеме комплетни“, напиша Донарума под видеото.
За потсетување, Донарума го напушти Милан и ќе се пресели во ПСЖ како слободен играч.