„Твитер“ го блокира официјалниот профил на Филипче

Утрово, на рестрикција е ставен твитер-профилот на министерот за здравство, Венко Филипче, од страна на „Твитер“ откако ненамерно при логирање бил внесен погрешен код за верификација.

Според соопштението на Министерството за здравство, оваа активност за социјалната мрежа била причина „Твитер“ да го ограничи профилот. Но, веќе се работи на надминување на проблемот.

„Твитер“ привремено го блокира официјалниот профил на министерот Филипче поради, како што се наведува при евентуалното пристапување, забележана необична активност.

Корисниците може да влезат на профилот, но само кога ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Scroll to Top