Претседателот на Реал Мадрид, Флоренино Перез, продолжи со изјавите против поранешните играчи на Реал Мадрид. По Касиас, Раул, Фиго и Роналдо, сега на ред се најде Месут Озил.
Перез го обвини Озил дека додека играл за Реал, тој ја заменил неговата девојка со друга во Милано и дека изнајмувал приватни авиони, само за да има секс со неа. Подоцна се дознало дека станува збор за моделот од Венецуела Аида Јеспика.
„Кога Озил дојде во Мадрид, актуелната девојка ја замени со друга од Милано. Беше со него се додека Мурињо не му кажа дека таа имала односи со сите играчи и тренери во Интер и Милан“, вели Перез во аудио записот.
„Озил имаше 21 година кога дојде кај нас. Имаше девојка, но бргу се запозна со ноќниот живот и го смени животниот стил. Ја остави девојката и ја замени со манекенка од Милано. Изнајмуваше авион, одеше во Милано да има секс со неа и потоа се враќаше во Мадрид“, рекол Перез.