Одложени концертите на Влатко Стефановски и Масимо Савиќ

Концертите на Влатко Стефановски и хрватскиот поп музичар Масимо Савиќ се поместени за во септември. Тие требаше да се одржат на 30 и 31 јули, на стадионот Ташмајдан, но истите се поместени за крајот на летото, велат од продукцијата „Про Сцена“.

Од организацијата наведуваат дека концертите се одложени поради технички и епидемиолошки причини како и поради закажаните концерти на регионалните уметници и гостувањето на претставата – монокомедија „Каква ти е жената, таков ти е животот на Драган Мирковиќ Маца“.

Пролонгирањето е одложено во договор со управата на Ташмајдан, кризниот штаб и музичарите. Купените влезници ќе важат и за новите датуми, а доколку на публиката не и одговараат, можат да ги вратат на продажните места Тикетс.

 

 

Scroll to Top