Кирил, синот на актерката Весна Бејби, по три недели поминати во Скопје, се врати во САД, каде што живее една година. Тој е во Хјустон кај својот татко Јакно Тренковски. Актерката рече дека е тажна поради разделбата и дека кратко било времето што Кирил го поминал со неа и со Мина. Објави и семејна фотографија на „Инстаграм“.
„Летнаа три недели“, напиша таа. Пријателите, пак, ѝ напишаа да не биде тажна оти за кратко време пак ќе се видат.
Кирил неодамна наполни 18 години, а Весна тогаш му го честита роденденот со неколку заеднички фотографии.
„Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално, досадна сум зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска, демек сум кул. Тој стана полнолетен дечко“.
Се сеќавам на чевличките што ги носеше во Битола, два броја помали, па имаше некое раниче на малото прсте. Отидовме да купиме нови чевли и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и ѝ одговарам: Најмногу е мој. Златен на мајка, ми фали, ама знам дека ќе успее. Кики, те сакам колку сите зрнца во песокот“, напиша тогаш глумицата.