Борјан Бранковски на 21. место во пукање со воздушен пиштол во Токио, со што се пласира пред олимпискиот првак од Рио

Стелецот Борјан Бранковски (24) го освои 21. место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри на своето олимписко деби.

Тој оствари резултат од 573 кругови во квалификациите, додека во финалето се пласираа и стрелачи со 578 кругови. Во конечниот пласман, тој го зазеде 21. место во конкуренција на 36 учесници, со што се пласира пред Виетнамецот Хоанг Сјуан Вин, кој пред пет години во Рио беше олимписки првак во оваа дисциплина.

Златото на крајот му припадна на Иранецот Џавад Форуги, среброто на Србинот Дамир Микец, а бронзата на Кинезот Ваи Панг.

Бранковски е првиот македонски спортист кој настапи на Олимписките игри во Токио, кои официјално се отворија вчера, а ќе траат до 8. август.

Scroll to Top