Одбојкарките на Србија се пласираа во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Тие ја победија Италија со 3:0 (25:21, 25:14, и 25:21) и ја остварија седмата последователна победа против нив.
Во полуфиналето тие ќе се сретнат со репрезентацијата на САД. Србија во претходниот натпревар беа поразени од Бразил и борбата во групната фаза ја завршија на втората позиција.
Избраничките на Зоран Терзиќ оставија добар впечаток во групната фаза на игрите и изгубија само еден натпревар. Тие ги победија Доминиканската Република, Кенија, Јапонија и Јужна Кореја.
Италијанките пак претрпеа два порази на патот кон наредната фаза на игрите. Тие изгубија од Кина, па од САД. За потсетување, репрезентацијата на Србија е актуелен светски шампион, а во финалето на Светското првенство 2018 година, тие славија над Италија.