Фудбалската федерација на Македонија денес го претстави новиот селектор на А-репрезентацијата, Благоја Милевски. Популарниот Боби ќе го води репрезентацијата до 2024 година. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини му посака на Милевски успешна работа.
„Милевски е човекот кој ја создаде генерацијата која ни донесе многу успеси и радости. Ние во федерацијата сме уверени дека новиот селектор има капацитет за уште поголеми успеси. ФФМ му изразува поддршка“, истакна Сејдини и му подари дрес на Милевски.
„Иако на дресот е бројот на годината 2024 со важност на договорот, ние посакуваме да соработуваме многу подолго“, додаде првиот Сејдини.
Милевски се заблагодари за поддршката и вети максимален ангажман на новото работно место.
„Со нетрпение чекам да почнам со работа со играчите кои во најголем број сме соработувале во минатото. Во септември продолжуваме со квалификациите за СП 2022. Победата над Германија не треба да не залажува. Репер треба да ни бидат настапите на ЕВРО 2020. Треба да го искористиме правилно потенцијалот кој го поседуваме. Благодарност до ФФМ за поддршката и се надевам на успешни резултати“, рече Милевски.
Милевски на селекторското место ќе го наследи Игор Ангеловски, со кого македонската репрезентација избори историско, прво учество на Европското првенство 2020.