Дванаесетгодишна Македонка ќе игра за тимот на Црвена звезда

Дванаесетгодишната Меланија Грозданова во иднина ќе игра за женскиот фудбалски клуб Црвена Звезда, пренесува 24инфо.

Таа ги освои симпатиите на претседателката на клубот Сандра Сремчевиќ и селекторот Дарко Стојановиќ, за време на нејзиниот престој во познатиот камп „Деки 5“ на Златибор во Србија.

Меланија во Златибор доби шанса и да изигра пријателски натпревар за тимот на Црвена звезда.Таа доби можност да тренира со врсниците. Таа неколку години активно тренира фудбал во клубот ФК Кул од Кисела Вода и за репрезентацијата на Македонија за играчи до 15 години.

Во Златибор доби шанса и да игра на пријателски натпревар за тимот на Црвена звезда, што за неа претставува огромна чест радост и задоволство.

 

Scroll to Top