Џез-концерт на Тони Китановски во Куршумли ан

Џез-гитаристот Тони Китановски на 15 август од 20 часот ќе одржи концерт во Куршумли Ан. Со него ќе настапат и Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид и Вилхен Мемедов.

Концертот на Китановски ќе биде фузија на светска музика со џез елементи. Тој ќе се одржи во рамки на проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мулти култура“, а по повод прославата на 30-годишнината од македонската независност.

Организаторите „Баги комуникации“ најавуваат дека на концертот ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за безбедност на публиката и заради тоа билетите се во ограничен број. Влезниците чинат 200 денари и можат да се набават онлајн преку www.bileti.mk.

Scroll to Top