Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради мистериозна болест морал да го напушти САД, пишуваат медиумите. Надал во моментов минува низ исклучително тежок период во кариерата. Поради силни болки во левото стапало тој ја напушти Анмерика и дојде кај неговиот доктор Анхела Руиз Котор во Шпанија.
„Минав низ многу тежок период со доктор Руиз. Тој е доктор, а штом сум кај него, тоа значи дека ситуацијата не е добра“, рече Надал.
Тенисерот поради повреда го откажа учеството во Торонто и Синсинати, а прашање е дали ќе може да игра и на УС Опен.
Шпанецот неодамна откри дека чувствува иста болка како и во 2005 година, кога било утврдено дека боледува од исклучителна ретка „Милер-Вајсова“ болест, која ги напаѓа коските на стапалата и предизвикува силна болка при движење, пренесува Puntodebreak.
Оваа болест тешко се открива додека е во рана фаза. Докторите стануваат сè посигурни дека се работи за неа дури откако таа ќе напредне. Болката се појавува во средниот и задниот дел од стапалото. Тие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре преку скочниот зглоб па сè до колената. Додека пациентите се движат или трчаат, ситуацијата се влошува.
Како стојат сега работите, Надал би можел да го пропушти и УС Опен. Доколко оваа мистериозна болест не се свати сериозно, може да дојде до сериозни последици. Ако ситуацијата се влоши, може да дојде и до кршење на стапалото, што бара долго опоравување.
За да ги ублажат болките, луѓето кои патат од оваа болест користат облека со специјални влошки кои се прилагодени на коските на стапалата, односно нивната природна положба. Надал уште во раното детство имал проблеми со стапалата, а професионалното занимавање со спорт и напорните тренинзи, влијаеле на тоа да болката се пренесе и на останатите делови од телото.
Неговите проблеми со коленото се само последица на оваа болест. За жал, како старее Надал, тој сè повеќе ќе има проблеми со оваа болест, затоа што нејзините симптоми најмногу се манифестираат во доцната животна доба. Неговото движење на теренот ќе биде сè побавно и потешко, како минува времето.