Александар Ицов промовира албум со традиционална македонска музика

Професорот по музичка уметност Александар Ицов го промовира албумот „Николова единаесетка“, со традиционална македонска музика. На албумот има осум дела, познати македонски ора: Ацево естрадно оро, Везена деветка, Николова единасетка, Скорушка гајда, Братски мерак, Михаелина игра, Јанино оро и Ратевка.

Музичарот, кој свири на неколку народни инструменти: гајда, кавал, зурла, тамбура и хармоника, албумот го посвети на својот син. Тој најави дека за некои од песните ќе сними и видеа.

Ицов магистрирал на ФДУ во класата на Драган Даутовски и ја негува изворната македонска музика и македонскиот мелос. Тој е и автор на новокомпонирана народна музика. Гости на албумот се Гоце Јанкулов на кларинет, Демир Кантуроски на труба, Љупчо Соколовски на клавијатури, а издавач на ова ЦД е „Сенатор“ од Битола.

Scroll to Top