Актерот Тони Михајловски е кандидат за градоначалничк во Куманово, кажаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кандидат за градоначалник на Куманово е признатиот актер Тони Михајловски, кој е роден во Куманово и е признат македонски театарски, филмски и телевизиски актер, водител на радио и телевизија и стендап-комичар“, велат од партијата.
Тони Михајловски по завршувањето на ФДУ во Скопје стана чел на МНТ во 1994. Во 2000 година ја доби наградата за најдобар актер на петтиот меѓународен театарски фестивал Јоаким интерфест во Србија. Во брак е со Александра Јорева, со кого го имаат синот Максим. Од претходниот брак го има синот Александар, кој е актер во „Театар Комедија“.