Сандра Ѓоргиева се врати со награда од Сараевскиот филмски фестивал за филмот „Еден тон сладолед“

Режисерката Сандра Ѓоргиева со краткометражниот игран филм „Еден тон сладолед“, ја освои наградата за најдобар пич (претставување) на Сараевскиот филмски фестивал, пишува „Умно.мк“. Таа беше наградена со 4000 евра, за постпродукција на звук зад кој стои „Охо продукција“.

Филмот се снимаше во Скопје пред две недели, а во главната улога се актерите Јелена Јованова-Периќ, Бодан Киранџиски и Јована Иванова.

 

Scroll to Top