(Фото) Во Будва се наплаќа и „нејќам ништо“, сметка од плажа и за маса со празни чаши

Неодамна на Фејсбук страницата „Podgorički vremeplov“ беше објавена фотографија од фискална сметка издадена на плажа во Будва.

На фискалната сметка е напишан одговорот на тројца гости кој на прашањето од келнерката што ќе пијат, рекле  „нејќам ништо“, па на секој од нив му биле наплатени по 50 центи.

Група корисници во коментарите посочија дека оваа практика е нормална низ цела Европа, односно дека местото во ресторан се наплаќа во зависност од локацијата, а други се пошегуваа на сметка на гостите. Некои од коментарите гласат:

Дали се’ уште постојат вакви луѓе; Празна чаша на маса и во неа „Нејќам ништо“; За толку пари барем една кисела вода ќе поделеа.

Scroll to Top