Миле му дојде на Горан Стефановски на муабет во Дебар Маало

Миле Паника му дојде на  муабет на легендарниот драматург Горан Стефановски. Тој седна на бронѕената клупа која конечно е поставена во скопско Дебар Маало. Клупата е поставена во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“, на истото место каде што пред две години беше засаден и чинар во негова чест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Ognjanovski (@panika_mile)

Поставувањето беше одложено поради пандемијата со Ковид-19, иако беше планирано да биде пристигне од Лондон лани за неговиот роденден.

„Добредојде дома, стари! Едвај чекам да седнам со тебе пак“, напиша на Фејсбук, неговиот син Игор Стефановски откако беше поставена бронѕената клупа.

Академик Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 во Битола , а почина на 27 ноември 2018 на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Тој е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“.

Scroll to Top