Фолк-пејачката Сузана Спасовска наполни 57 години и роденденот си го честиташе прва на Фејсбук. Таа објави слика во народна носија и откри дека освен што ѝ е роденден, слави и именден.
„Денес е мојот ден. 24 август. Роденден и именден. За многу години Св. Сузана“, напиша таа.
Честитки доби и од пријателите, но и од многу фанови кои ѝ посакаа секогаш да биде насмеана и ведра.
Сузана кариерата ја почна во 1980-те години и оттогаш важи за една од најпопуларните фолк-пејачки кај нас. Многумина ја нарекуваа наследничка на Васка Илиевска. Таа сними 15 аудио и дивиди-изданија, спотови, одржа многу концерти, а освои и награди на сите фолк-фестивали во Македонија.
Сузана ја има ќерка Теона, која се породи лани, па Сузана сега често вели дека нема ништо поубаво од улогата на баба на внуката Клара.