Стрелачката Наковска-Бикова шеста на Параолимписките игри во Токио

Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, го освои шестото место во дисциплината стрелање со воздушен пиштол од 10 метри.

Таа влезе во финалето како осмопласирана, а на крајот заврши шеста со резултат 147,9 кругови.

Првото место го освои Иранката Јаванмарди, второто место ѝ припадна на турската стрелачка Пехливанлар, а бронзата ја освои Унгарката Давид.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио ја очекуваат уште два настапа, во четврток во дисциплината спорт пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри, во сабота.

Scroll to Top