Синоќешниот меч меѓу Португалија и Република Ирска ќе остане запаметен по дивајчкото однесување на Кристијано Роналдо, кој во 15. минута му удри шлаканица на противничкиот фудбалер О’шеј. Роналдо го удри О’шеј откако Ирецот му ја помести топката од белата точка.
ВАР не реагира ни непримерниот потег на Португалецот, кој се случи неколку моменти откако Португалија доби пенал, а кој Роналдо не успеа да го реализира. Сепак, во финишот од мечот, во 89. и 96. минута, Роналдо успеа да им даде два гола и да стигне до бројката од 111 гола за националниот тим. Никој во историјата нема постигнато топку голови за една репрезентација.