Актерот Благој Веселинов е добитник на Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани. Покрај Веслинов, награда за животно дело постхумно ќе добие и културниот деец Борис Стојчев, уметник, истражувач и собирач на народни умотворби од Кочанско.
Стојчев е и основач на Околискиот народен театар во Кочани.
Највисоките општински признанија ќе бидат доделени на свечената седница што Советот на Општината ќе ја одржи на 7 септември, Денот на ослободувањето на Кочани. Поради здравствената состојба, седницата ќе се одржи со ограничен број посетители, според протоколите за заштита утврдени од страна на Владата на Република Северна Македонија.