Победничката од „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска-Чабриќ, доживеа сообраќајна несреќа

Победничката на ветераните од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска-Чабриќ, доживеала сообраќајна несреќа. Од МВР потврија и соопштија дека пејачката излетала додека возела на патот од Ресен за Струга. Во несреќата таа добила тешки повреди.

На местото на настанот бргу пристигнала итната помош и пејачката веднаш била префрлена во болница во Охрид. За потсетување, Добрила стана позната по музичкото шоу, а поради нејзините години, таа го доби прекарот жена змеј.

Додека учествуваше во натпреварувањето, таа често сама патуваше на релација Дојран – Белград.

 

 

Scroll to Top