Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, Горан Пандев, се најде на врвот на листата на играчи кои имаат најмногу настапи во италијанското првенство, Серија А.
Тој со 475 одиграни натпревари, се најде на третото место на оваа листа. Пред него се само Самир Хандановиќ од Интер со 517 натпревари и Фабио Кваљарела од Сампдорија со 502 меча. Веднаш зад него се играчите на Јувентус Киелини и Бонучи, а потоа Раду, Иличиќ и други.
Пандев ја игра 18 сезона во Серија А. Досега има играно за Лацио, Интер, Наполи, Џенова, а од 2002 до 2004 година настапуваше и за екипите на Специа и Анкона. Ова за него е веројатно последната сезона, по која ќе се пензионира.