Лионел Меси беше единствениот во тимот на ПСЖ кој вчера не се израдува на победата на францускиот шампион, во дербито со Лион, откако Покетино реши предвреме да го повлече од игра и да го замени. Меси, кој излезе во 76. минута, не сакаше ни да се поздрави со тренерот.
ПСЖ победи со 2:1, а Покетино по мечот изјави дека само сакал да го заштити Аргентинецот од повреди, затоа што им следуваат важни натпревари во иднина.
„Донесов одлука да го заменам Меси за да го заштитам, не сакав да се повреди до крајот на средбата. Ни следат многу значајни натпревари. Сакав да го заштитам“, рече Покетино.
Инаку, Меси ниту по три кола во Франција сè уште е без постигнат гол за ПСЖ.
Мауро Икарди постигна гол за 2:1 во 92-та минута и го задржа стопроцентниот учинок на „светците“, но цела јавност говори за блиската средба која ја имаа Покетино и Меси при излегувањето на Лео од теренот.
Leo Messi not happy with compatriot Icardi scoring the winning goal for PSG.pic.twitter.com/KgH10OLtux
— AYUSH (@ayush_RMA) September 20, 2021