Сашко Кедев го искачи осмиот највисок врв во светот, Манаслу на Хималаите

Кардиологот и член на Македонската академија на науките и уметностите, Сашко Кедев, бил дел  експедицијата на алпинисти кои вчера го искачиле еден од највисоките врвови во светот, Манаслу на Хималаите.

Врвот, кој е висок 8.163 метри, се наоѓа во Непал. Овој врв меѓу алпинистите е познат и како Планина на Духот. Досега Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и највисокиот светски врв, Маунт Еверест, во 2009 година.

 

 

 

Оставете коментар

Scroll to Top