Српскиот кошаркар Никола Јокиќ и неговата сопруга Наталија станаа родители. Тие во четвртокот ја добија ќерката Огњена. Кошаркарот на Денвер рече дека името е од словенско потекло и означува пламен, оган. Тој рече дека ова име има неверојатна моќ и ги штити децата од зло.
Јокиќ летово одлучи да не игра за Србија на квалификациите за Олимписките игри, за да биде повеќе со Наталија. Тој веќе некое време се наоѓа во Денвер каде се подготвува за почетокот на НБА сезоната која ќе почне за две недели.
Клубот од Колорадо има големи амбиции оваа сезона и сакаат да стигнат до завршницата, а многумина очекуваат овој пат Јокиќ да биде и прогласен за МВП играч. Кошаркарот рече дека целта му е да го освои НБА прстенот и дека неговата екипа има потенцијал за такво нешто.