За мојата преубава принцеза: Лука Модриќ ѝ приреди раскошна роденденска забава на ќерка си

Софија, најмладата ќерка на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го прослави својот 4. роденден. Тој на Инстаграм објави неколку фотографии од роденденска прослава на ќерка си.

„Среќен роденден на мојата прекрасна принцеза. Те сакаме многу. Среќен роденден, мое сè“, напиша Лука.

Судејќи според фотографиите, прославата била доста раскошна, а посебно внимание привлече тортата во форма на еднорог, која го инспирираше и остатокот од роденденската декорација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Софија е родена во октомври 2017 година, а покрај него Лука и Вања имаат уште две деца, синот Иван и ќерката Ема.

Парот се запозна во кафуле во Максимир, а во 2010 година го кажаа судбоносното „да“.

Вања, родена Босниќ, никогаш не била типична жена на фудбалер, ниту се фалела со луксузен начин на живот, а нема ни профили на социјалните мрежи. Исто така, таа ретко се појавуваше во јавноста и кога беше во Хрватска, но она што се знае е за неа и нејзиниот сопруг е дека живеат вистинска љубовна бајка.

Scroll to Top