Младата пејачка Агни Авшар, ја објави својата прва песна „Сознавам“. Спотот е на режисерот Дарио Јанковиќ, а го снимаа на неклку локации во Македонија. Во него се појавува и еден од најпопуларните светски диџеи Talamasca.
Автор на песната е Никола Мицевски, а текстот е на Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.
„Со Никола, Бети и Рената ја работевме песната повеќе од една година. Кога станува збор за квалитетот јас не правам компромиси. „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но, со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум и благодарна и се надевам дека песната ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе“, ни рече Агни.