(Видео) Кристијано Роналдо ѝ го подари дресот на расплакано девојче по мечот со Ирска во Даблин

Фудбалерот на Португалија, Кристијано Роналдо ѝ го подари дресот на расплакано девојче на крајот од натпреварот со Ирска во Даблин. Мечот кој се играше во рамки на квалификациите за Светското првенство заврши без голови.

На крајот девојчето истрча на теренот неспречено од никого за да го прегрне својот омилен фудбалер. Обезбедувањето не ја спречи, а кога дојде до Роналдо, тој ја прегрна и ѝ го подари дресот, откако оретходно одби да го смени со голманот на ирската репрезентација.

За потсетување, во А-групата Португалија и Србија во директен дуел ќе решат кој ќе го освои првото место. За пласман во Катар на Португалците ќе им биде доволен и еден бод. Мечот со Србија ќе го одиграат в недела.

Scroll to Top