Македонија по победата над Исланд со 3:1 обезбеди бараж за Светското првенство во Катар кое ќе се игра следната година. Нашите фудбалери за првпат изборија бараж на едно Светско, завршувајќи ги квалификациите на 2 место во групата Ј.
Голови за Македонија постигнаа Езѓан Алиоски, и Елиф Елмас. Алиоски прв даде во 7 минута, а Исланѓаните изедначија преку Торстеинсон во 54. минута. Претходно на Дарко Чурлинов му беше поништен гол поради офсајд. Двата гола Елмас ги даде во 65 и 87 минута.
Исланд играше со фудбалер помалку откако во 79 минута црвен картон доби Јоханесон.