Најкривите патеки водат до најпосакуваните исходи, рече Роналдо по поразот од Србија

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, синоќа по поразот од Србија не сакаше да ѝ се обрати на нацијата, но затоа тој испрати порака во понеделникот преку „Инстаграм“.

Роналдо објави негова фотографија од крајот на натпреварот и напиша: Фудбалот уште еднаш ни покажа дека на моменти најкривите патеки се оние кои водат до најпосакуваниот исход. Резулатот беше тежок, но недоволен да не сруши. Целта да бидеме присутни на Светско е сè уште жива и знаеме што е потребно за да стигнеме таму. Без изговор. Португалија ќе оди во Катар“.

И неговата мајка Долорес се огласи на социјалните мрежи по натпреварот. „Верувај сине“, напиша таа. Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, објаснуваше зошто Роналдо реагирал бесно на теренот по крајот на судискиот свиреж.

„Роналдо во Србија постигна гол во продолжението, гол кој не му беше признат. Тоа е нормална реакција. И јас бев фрустриран. Сепак на крајот на натпреварот малку може да се објаснуваме што можеше, а што не можеше да се случи“, рече Сантош.

За потсетување, Португалците пласманот на Мундијалот ќе се обидат да го обезбедат преку плеј-оф, кој ќе се игра во март. Можните противници ќе им бидат Македонија, Австрија, Чешка, Велс, Турција, Украина или Финска.

 

Scroll to Top