Шпанските тимови Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани да го купат македонскиот фудбалер Елиф Елмас, пишува „Газета дело спорт“. Играчот на Наполи го привлече вниманието на шпанските тимови со одличната игра во квалификациите за Светското првенство.
Од претставниците на мадридскиот клуб особено внимание на Елмас му посветува тренерот Карло Анчелоти, кој соработуваше со нашиот репрезентативец во Неапол.
Оваа сезона во италијанскиот шампионат Елмас има постигнато еден гол на 12 натпревари. За потсетување, Елмас даде два гола на мечот со Исланд и обезбеди победа за Македонија од 3:1. Со оваа победа Македонија обезбеди бараж за Светското првенство во Катар во 2022 година.
Елмас, поради жолти картони, нема да го игра првиот натпревар од баражот.